Мицкоски: Мојот син е еден од оние на кои им се случи труење, институциите треба да кажат од каде потекнува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека неговиот син бил еден од учениците кои добил труење во училиштето „Димо Хаџи-Димов“ во Карпош, но напомена дека сега е во добра состојба, откако три дена примал инфузии.

„Антони беше дел од таа група кое им се случи труење. Имаше медиуми дека бил во тешка состојба, сакам да демантирам, имаше симптоми како и сите други деца. Да, беше жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, три дена не одеше на учичиште. Тој е храбро и пргаво момче, сака да се дружи, и претпоставувам дека сите меѓу себе биле на ручек, конзумирале иста храна. Оставам институциите да кажат дали е од храната или од нешто друго. Како што знам од Агенцијата за храна и ветеринарство ги прават тие неопходни испитувања, и апелирам да почекаме да не даваме суд. Денеска син ми е веќе подобар, и очекувам од понеделник да се врати на училиште“, рече Мицкоски.