Во интервју за телевизија Телма, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата не е задоволна од работата на Судскиот совет и на актуелниот обвинител.
„Ние не сме задоволни како Влада од работата на овој Судски совет и на овој обвинител и тоа е наше право да не бидеме задоволни“, рече Мицкоски.
На прашањето зошто беше прекината постапката, премиерот објасни:
„Имаше избори, еве сега веќе нема избори и може ќе ја продолжиме. Нормално е тоа. Еве година и половина ќе се навршат со обвинител избран од претходното мнозинство, не од оваа Влада. Претходно рековме да му оставиме шанса да се покаже дека е борец за правда.“
Мицкоски додаде дека по завршувањето на целиот процес, следува смена на обвинителот.
