Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, бидејќи претставниците на владината коалиција ќе победат на локалните избори на 19 октомври, порача премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со новинарите.
Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а предвремните парламентарни избори, како што кажа, ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци.
Прашан дали очекува да има проблеми на претстојните локални избори и зошто повторно некој игра на картата на национализмот, рече дека нема сознанија дека има индиции за планирани инциденти.