Мицкоски: Нема да почитуваме штетни договори, договорот кој го прави СДСМ е анационален

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уверува дека наредната Влада со која ќе раководи неговата партија, нема да го почитува договорот со Бугарија доколку истиот е штетен и предавнички за македонскиот идентитет.

Но, Мартин Костовски од СДСМ, со обвинувања на адреса на Мицкоски дека е ист како неговиот ментор Груевски, кој ВМРО-ДПМНЕ ја гледа како алатка за лично богатење. Додава дека сѐ што нуди ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер се деструкции, блокади и закани.

Инаку, бугарскиот премиер Кирил Петков побара Северна Македонија да прифати да го почитува рамковниот став усвоен во бугарскиот Парламент, односно Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав и да се спроведе Договорот за добрососедство. Овие барања, според опозицискиот лидер, Мицкоски се порадикални од оние на Каракачанов и прашува – кој нормален човек во Македонија би го прифатил тоа?!