По обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ нема демократски капацитетрИгор Есмеров од ВМРО-ДПМНЕ во „10 Минути“ на ТВ21 вели дека не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема демократски капацитет, туку единствен што тоа го нема е лидерот Христијан Мицкоски.
„ВМРО-ДПМНЕ има демократски капацитет, меѓутоа Христијан Мицкоски дефинитивно нема демократски капацитет, мислам дека тотално е залутан во политиката“, порача Есмеров.
Тој смета дека Мицкоски требало да си поднесе неотповиклива оставка без да го праша Централниот Комитет.
