Мицкоски: Немам намера да поднесам оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска ја критикуваше новата Влада. На крајот спомена и за иницијативата за вондерен Конгрес, и барањето на негова оставка. Мицкоски истакна дека нема намера да поднесе оставка.

„Сега малку за оние иницијаторите, кои со тие иницијативи само помагаат на СДСМ и Зоран Заев. Немам намера да поднесам оставка. Затоа што тоа оди во прилог на СДСМ и на Заев. А, треба да се бориме против тоа зло“, рече Мицкоски кој напомена дека до седиштето на партијата не пристигнало никаква иницијатива за свикување вонреден конгрес.

Мицкоски пред изборите истакна дека ќе си поднесе оставка ако ги загуби изборите и ако не формира влада.