Мицкоски: Ние сме многу пред Албанија на патот кон ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше извештајот на Европската комисија за Македонија. Тој рече дека не се согласува со констатацијата од некои еврокомесари дека Албанија е пред Македонија на патот кон ЕУ.

„Да ги направиме уставните измени најдобро ќе биде, и потоа да добиеме ВЕТО и нови проблеми, и тогаш ќе добиеме петка“ рече Мицкоски.

Дополни дека сега после изборите, владата ќе се позанимава со реформи во судството.

„Исклучително сум задоволен од Извештајот затоа што нема уназадување. Има стагнација на неколку области, и затоа се потребни промени во судскиот совет и обвинителството, и сега после изборите многу сериозно ќе се занимаваме со таа тема. Генерално можам да го оценам како добар, но не можам да се сложам со констатацијата дека некои земји се пред нас кон ЕУ. Ние сме многу пред Албанија, иако некои од еврокомесарите изјавуваа тоа што изјавуваа, така да кога ќе се анализира која е спремна земја, Црна Гора е прва, Макеоднија и Србија на второ место, па потоа следуваат Албанија, БиХ“, кажа Мицкоски.