Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното издание на „КликПлус“ на ТВ21 рече дека Ниш и Врање за нас се Стокохолм и Копенхаген.
„Денеска за нас Ниш и Врање се Стокхолм и Копенхаген. Да не ме сватат погрешно граѓаните на Ниш и Врање. Немам ништо против нив“, рече Микоски.
Околу најавата за воведување на ковид пасоши од страна на ЕУ, Мицкоски коментираше дека е апсолутно против таа идеја.
„Јас сум апсолутно против таков тип на маркирање на луѓе. Си има ПЦР тестови, документи, ако некоја земја сака да види дали некој е инфициран или не некој што влегува на нејзина територија. Таков тип на бележење ми ги враќа спомените неколку денеции наназад. И никој нема право да бара од мене во 21. век. Затоа сум апсолутно против“, изјави Мицкоски.
