Мицкоски очекува со Радев да разговараат на сите теми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски не очекува подобрување на односните со Бугарија и тоа затоа што во Македонија има, како што рече „котиња“ од СДСМ кои што коленичат за „жолтици“ и ги распродаваат македонските национални интереси. Мицкоски изјави дека не гледа пречка да го покани на средба бугарскиот премиер Румен Радев за да разговараат за сите прашања.

„Инаку што се однесува до господинот Радев, јас кога победи следниот ден утрото му се јавив, му честитав, му посакав да имаме успешни добрососедски односи и се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои што треба да разговараме.“, изјави Мицкоски.