Мицкоски: Очекувам поевтинување на дизелот, и мало зголемување на цените на бензините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ, а премиерот Христијан Мицкоски очекува дизелот да поевтини, додека бензините да имаат мало зголемување.

„Очекувам дизелот да поевтини од 2 до 2,5 денари, и очекувам мало зголемување на бензините“, рече Мицкоски, кој рече дека состојбата е под контрола дека и натаму сме една од земјите со најевтини горива.

„Немаме намера да ги ограничиме бензинските за точење горива. Во моментов е дека никој вистинска информација освен малкумина во светот, и тие одлучуваат дали крај на оваа криза ќе и стават денеска, или ќе остане да функционира“, изјави Мицкоски.