Мицкоски од Давос: Ќе се зголеми побарувачката на струја, Македонија нема да биде нем набљудувач

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос учествуваше на Панел за енергетика, на кој бил говорник, и на панел на кој земале учество светски компании во енергетскиот бизнис од сите континенти.

„Разговаравме за очекувањата и плановите во енергетиката во годините коишто следат. Она коешто можам да го заклучам од овој панел е дека потребата од електрична енергија ќе расте, затоа што во годините коишто го следат развојот на човештвото ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и центрите за податоци коишто работат на електрична енергија, а ние како држава треба тој чекор да го следиме и во таа насока да ја развиваме нашата економија. Јас сум убеден дека ние како држава ќе успееме во таа намена“, изјави Мицкоски.