Мицкоски од Градско: Вложуваме во образованието, се проширува и доградува ООУ Даме Груев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски изрази големо задоволство од работата на локалните власти во помалите општини, истакнувајќи ги амбициозните градоначалници, советници и администрацијата кои придонесуваат за успешна реализација на проектите.

„За мене претставува навистина големо задоволство кога можеме да видиме во помалку бројните општини како имаме амбициозни градоначалници, како имаме амбициозна администрација и луѓе коишто реализираат проекти. Јас би сакал да му честитам на градоначалникот и да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во општината, и на сите оние кои придонесуваат овие проекти да бидат реализирани“, изјави Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека Владата успеала да реализира значајни проекти и покрај ограничените ресурси и предизвиците со кои се соочувала во изминатите 15-16 месеци. „За нас како Влада е навистина задоволство кога можеме да видиме тоа што сме го зацртале, како се испорачува и како, со ограничени ресурси, успеваме да се консолидираме и да реализираме проекти. Убедени сме дека во годините кои следат ќе продолжиме на ист начин да работиме“, додаде тој.

Мицкоски уште еднаш го истакна значењето на соработката меѓу градоначалникот, советниците и администрацијата. „Честитки до градоначалникот, честитки до советниците што ја поддржуваат неговата работа и до администрацијата, која е нераскинлив фактор, бидејќи без нив голем дел од проектите не би биле реализирани“, заклучи премиерот.