Мицкоски остварил телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил пишува дека остварил телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск.

„Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високи претставници на владата во таквиот криминал кој поминува неказнет, како и широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата. Не е можен напредок, со корумпирано судство, не се можни фер избори со поткуп, и двојни стандарди. Не е можна нормалност со силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот. Договоривме со г.Туск понатамошна соработка и поддршка во рамките на заедничките процеси во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Благодарност за поддршката!“, вели Мицкоски.