Веќе неколку дена од депонијата „Дрисла“ излегува густ чад.
Вчера беше ставена под контрола, но повторно се разгоре, изјави премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека настанот ќе се истражи и сите одговорни ќе излезат пред правдата.
Министерот за животна средина Изет Меџити изјави дека ако Градот Скопје не може да се справи со овој проблем, министерството ќе преземе поригорозни мерки, бидејќи, како што рече, испратиле и еколошка инспекција.
Од Јавното претпријатие Дрисла истакнаа дека тие се единствената лиценцирана санитарна депонија која не гори отпад, туку го стерилизира и го компресира со автоклав, што значи дека нема можност за загадување.
„Му упатуваме повик на Министерството за внатрешни работи да започне истрага за да ги открие и санкционира подпалувачите, за кои се сомневаме дека се политички мотивирани за да го одвлечат вниманието од реалните проблеми. Депонијата Дрисла, без вакви намерни инциденти, нема потенцијал за загадување и функционира според највисоките стандарди.“, велат од Дрисла.
И пред неколку дена властите изразија сомнеж за намерно потпалување во Дрисла. Обидите за гаснење траат веќе 2 дена, но водата овде не помага, затоа што во жариштето се развиваат хемиски и биолошки процеси што предизвикуваат појава на запаливи гасови, па затоа од ДЗС се обидоа со специјална пена
