По потпишувањето на договорот со Фронтекс на македоснки јазик Претседателката на ЕК урсула Фон Дер Лајен потенцираше дека е без фусноти, без ѕвездички на еднакво рамниште со сите 24 јазици на ЕУ.
-Убедена сум дека нема да помине многу време кога ќе го имаме и 25 -тиот јазик, бидејќи македонскиот јаизк е прекрасен јазик, рече претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
Македонскиот јазик е стекнато право, вели Мицкоски и според него оваа тема е завршена. Не треба да се отвора, ниту подотвора, бидејќи како што вели, македонскиот јазик е признаен од ОН и кодифициран 1977 година.
-Тој е константа и мислам дека колку повеќе ја отвораме оваа тема толку е полошо за нашиот идентитет. Тоа е затворено прашање не треба никој ниту да го отвора ниту да го подотворува, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како во Македонија, така и во Бугарија договорот со ФРОНТЕКС предизвикува реакции. Бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, ги нападна политичките партии во Бугарија ДПС, ГЕРБ, Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија поради потпишувањето на договорот на македонски јазик.
„Вчера Урсула фон дер Лајен и Димитар Ковачевски потпишаа договор за управување со границите. Се потпиша и на ‘македонски’, без фусноти, без посебни мислења. Ова го потенцира и претседателката на ЕК дека договорот е потпишан на македонски, како што вети“, рече бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Џамбаски во објава на Фејсбук ги обвини бугарските политички партии кои обезбедија пратенички места во новиот парламент на земјата дека дозволиле легитимирање на „лагата македонски јазик“.
