Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција посочи дека со доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски е прекршен Уставот.
„Без никаков доказ кој е неопходен за поседување на парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник, тој го додели мандатот за состав на нова Влада на пратеникот Зоран Заев. Без доказ и потврда дека поседува мнозинство, тој го додели мандатот“, истакна Мицкоски.
Тој вели дека мандатот е киднапиран.
