Мицкоски: Претседателот Пендаровски исчезна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите посочи дека претседателот на државата, Стево Пендаровски исчезнал.

Тој вели дека има една катастрофална состојба во државата, а првиот кој претендира да биде претседател на сите граѓани во државата го нема.

„Има мандатар кој што треба да даде оставка во рамките на Парламентот, па ја повлекува. Нов ли ќе дојде, истиот ли ќе дојде.. навистина една конфузна ситуација. Претседателот го нема, исчезна… Тој излезе само да се пресмета со една моја изјава, народот го плаќа тој човек, ужива во привилегии. Никаков отчет да даде, помина една година, повторно не знаеме што се случува исчезнат е човекот“, порача Мицкоски.