Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Да градиме општество на единство и почит

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам, посакувајќи им добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом.

Во честитката, премиерот истакнува дека Курбан Бајрам нè потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните.

Тој нагласува дека во духот на празникот треба заеднички да се продолжи со градење општество на разбирање, единство и почитување, во кое различностите претставуваат сила, а заедништвото иднина.

„Нека празничните денови донесат радост, топлина и надеж, а во секое семејство љубов, мир и бериќет“, се наведува во честитката.

На крајот, премиерот им го честита празникот Курбан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед.