Мицкоски: Таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил обвини дека мафијата на власт потрошила 8 милиони евра за службени возила, но за набавка на едно возило кое го користи истата власт, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор.

„Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт.
Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО ДПМНЕ. Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата“, посочува Мицкоски.

Тој додава дека Јанкуловска е мајка на мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот, како што вели, на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMickoskiHristijan%2Fposts%2F1665901066918679&width=500