Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во секое време е подготвена да оди на избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На прашањето дали постои можност за предвремени парламентарни избори, имајќи предвид дека последните анкети ја ставаат ВМРО-ДПМНЕ во предност, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како власт имаат цел да издржат цел четиригодишен мандат, но дека доколку се појави потреба, како партија се подготвени за избори.

„Ние целиме на целосен мандат, односно четири години. Сега, ако постојат политички сили и мнозинство во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на избори во секое време“, изјави Мицкоски.