Мицкоски за Коцевски: Почекајте, ќе видите…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не даде некој поопширен коментар околу евентуално разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

На прашањето, што ќе се случува со Коцевски, Мицкоски кратко одговори:

„Почекајте, ќе видите“.

Коментирајќи за реформите во судството и обвинителството, Мицкоски рече дека е подготвен да ја донира својата плата на судиите и обвинителите, само да судат согласно закон, и дека не може да се помири со фактот дека треба да потпише зголемувања на плати на нешто кое нема никаков рејтинг.

Повеќе на оваа тема на следниот текст: