Мицкоски за најавената резолуција: Ќе го разгледаме документот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема никакви трикови и калкулирања со резолуцијата за евроинтеграциите со црвените линии рече претседателот на СДСМ Венко Филипче како одговор на коментарот на премиерот Мицкоски кој рече дека е потребна јасна политика, а не итроштини. Филипче очекува дека Мицкоски ќе има сериозен пристап за евроинтеграциите.

„Сметам дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и премиерот имаат ваков сериозен пристап кон темата а не гледам причина да немаат, тогаш сметам дека ќе најдеме решение. Се што е направено на полето на евроинтеграциите во изминатиот период е во рамките и во контекст на врвните државни интереси. Секогаш многу внимателно се водело грижа за наите идентитетски одредници и за позициите на државата.“, рече Венко Филипче.

Иако претходно отворено ја отфрли идејата, премиерот Мицкоски сега се повлече и рече дека сепак ќе го разгледа документот па дури и доколку смета дека е потребно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде свој придонес.

„Да го видиме документот што ќе го поднесат, се надевам дека ќе дозволат и ВМРО ДПМНЕ и пратеничката група на коалицијата исто така даде свој инпут во сето тоа, така што ајде да го видиме документот да видиме што е тоа што ќе понудат ново иако морам да кажам дека во минатото декларациите на СДСМ се декларации кои што на крај завршуваат како обично слово на хартија, воопшто не се почитуваат.“, вели Мицкоски.

Деновиве и еврокомесарката Урсула фон дер Лајен не рече конкретно дали ќе ги земе предвид барањата на Мицкоски во однос на уставните измени, туку порача дека земјите од Западен Балкан ќе станат дел од Европската унија врз основа на нивните заслуги.