Мицкоски за петтиот пакет мерки: Се тресела гората, се роди глушец!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека нема извршено увид во петтиот патет на мерки, но од тоа што во јавност имал можност да го погледне, вели дека по притисокот на опозицијата била прифатена мерката за субвенционирање на плати.

„Ако е така се заблагодарувам и ние во иднина ќе продолжиме да ја притискаме оваа корумпирана и неспособна Влада за да работи во интерес на граѓаните и стопанствениците“, изјави Христијан Мицкоски.

Мицкоски додава дека овие мерки не се доволни за пристоен развој на економијата.

„Познавајќи ги добро, знам дека од тоа ништо нема да биде или народски кажано, се тресела гората се роди глушец“, додаде Мицкоски.