Некои политичари сакаат да профитираат од протестите за трагедијата, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека протестите се демократско средство за изразување на револт, но ветува дека нема да дозволи одредени субјекти и поединци да добијат политички поени од жртвите и повредените во Кочани. Мицкоски рече дека во овие 9 месеци елиминирале многу криминални групи и сега на ред е корупцијата во државните органи, бидејќи според него, во изминатите години државата само била ограбувана.
Од опозициската СДСМ велат дека даваат целосна поддршка за неселективна истрага за трагедијата. Пратеникот Мартин Костовски рече дека социјалдемократите нема да го политизираат случајот но бараат од МВР и Обвинителството одговор зошто не се уапсени полициските началници од Кочани и Штип.
Од ДУИ преку соопштение велат дека власта започнала политичко следење за трагедијата во Кочани. Интегративците велат дека е изграден наратив според кој вината е во издадената лиценца пред неколку години и станувајќи база за апсење на екс министри со лисици, камери и новинари. Од ДУИ велат дека објектот бил затворен од УЈП пред неколку месеци и дека наскоро е отворен повторно на незаконски начин.