Мицкоски за реконструкција на Влада: Секој кој ќе замени некого, треба да биде подобар од претходникот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Општина Петровец зборуваше за реконструкција на Владата.

„Тоа што Меџити сега ќе биде градоначалник, не значи дека нашиот коалициски партнер ќе има ресор повеќе. Имам високо мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека ќе има место повеќе во владиниот кабинет. Сега сме фокусирани на Конгресот на 6. декември во Кавадарци, потоа формирање на партиска структура, извршен комитет и други структури, и во меѓувреме ќе размислуваме за кадровски поместувања во Владата. Мандатар сум јас, нормално е дека последниот збор ќе го имам јас.

Реконстуркција на Влада не се прави само да се реконструира владата. Треба добро да се размисли дали тоа ново кадровско решение ќе биде подобро од претходното. Тоа е процес на една добра анализа. Јас сум подготвен со сите чинители на Владата да разговарам и да ги чујам. Секој кој ќе дојде на некое место, треба да понуди подобра програма, да донесе подобри резултати од претходникот. Ако ставиме име кое го нема тоа, тогаш бадијала е реконструкција“, изјави Мицкоски.