Мицкоски: Заев за 2-3 пати е побогат од Макрон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека премиерот Заев е за 2-3 пати побогат од претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Зошто Македонија е сиромашна земја со богат премиер, ќе добиете одговор на ова прашање со едноставно споредување на богатството еве да речеме на семејството на францускиот претседател господинот Макрон, или пак германската канцеларка и ако го споредите со богатството на семејството на нашиот премиер, ќе добиете одговор дека семејството на нашиот премиер, е два до три пати, или пет, или десет, или сто пати би рекол побогати од семејствата на европските лидери“, истакна Мицкоски.

Тој додава дека затоа Македонија е сиромашна земја во која цвета криминалот и корупцијата.