Мицотакис: Минатиот период беше силно будење на ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека изминатиот период претставува силно будење за Европската унија, особено за земјите кои, како Грција, ја поддржуваат европската стратешка автономија, објавија денеска грчките медиуми.

Тој посочи дека мора да се сфати дека стратешките предизвици со кои се соочува ЕУ бараат храбри одлуки, додавајќи дека првенствено се мисли на распределбата на финансиите за одбраната, пренесува Катимерини.

„Веќе извесно време се залагам за поголема фискална флексибилност на национално ниво со цел да се финансираат одбранбените распределби. Кога првпат го спомнав тоа, моите колеги не беа подготвени да одат по тој пат, но мило ми е што гледам дека сега е постигнат напредок во таа насока“, рече тој.