Младиот Рамадани од Шкендија направи трансфер во Динамо Киев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Младиот 19-годишен фудбалер Решат Рамадани, е нов член на украинскиот гигант Динамо Киев. Досегашниот фудбалер на Шкендија денеска го комплетираше трансферот во украинскиот гигант.

Играчот од средниот ред досега има настапи за репрезентацијата до 21 година. Во тековната сезона играше 15 натпревари за тетовските „црвено-црни“.