„Младите кои си заминаа, повторно ќе се вратат“ – Ковачевски уверува: 118 пратеници ќе гласаат за уставни измени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставните измени ќе се изгласаат во Собрание, процесот нема да прекине бидејќи станува збор за најважниот процес за иднината на земјава, смета премиерот Димитар Ковачевски. Првиот човек на владата гарантира дека на крајот ќе бидат 118 пратеници кои ќе гласаат за уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот. Тука ги вклучува и пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ но не и тие на Левица.

Ковачевски вели дека влегувањето во ЕУ ќе создаде подобри услови за живот за сите граѓани. Тој верува дека кога земјава ќе стане членка на ЕУ, тие што си заминале во Европа ќе се вратат во земјава.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски негира дека ќе се изгласаат уставните измени а изјавата на Ковачевски ја оценува како порака до меѓународната заедница.

За промена на Уставот потребни се 80 пратенички гласа односно 2/3 мнозинство од вкупниот број пратеници.