Со овие камиони пожарникарите во Кичево ги вршат потребните интервенции на терен. За граѓаните се подготвени 24/7 велат тие. Со тие услови што ги имаат, тие успеваат да интервенираат и на планините. Се случува некој од камионите да се расипе поради интервенциите на планина, бидејќи како што може да се види се стари , но задачите никогаш не се оставени на пола, велат од пожарникарската бригада. Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари негира дека пожарникарите понекогаш работат со само еден камион.
„Не е точен фактот дека работат само со еден камион, значи има неколку камиони иако понекогаш се случува поради активностите што ги вршат, да се случат дефекти, но не можеме да кажеме дека ако 2 или 3 возила се во дефект и да кажеме дека функционираат само со едно“, посочи Фатмир Дехари.
Модернизацијата на пожарникарската бригада беше ветување на Дехари во програмата за 2017, исто така и екипирање со професионални пожарникари, едукација во школи за превенција против пожар, формирање екипи со доброволци и отворање патишта низ планините за полесен пристап на пожарникарите. Дехари вели дека ги немаат сите услови но дека се труди да обезбеди подобри.
„Ценејќи ја важноста на овој сектор, ние се залагаме да создадеме подобри услови. За тоа, во концептот за мојата работа до владата но и во другите институции се трудам да обезбедам подобра иднина на нашите пожарникари“, истакна Фатмир Дехари.
ТВ21 побара и статистика од Центарот за управување со кризи, за интервенциите на пожарникарите на терен во текот на 2019 и почетокот на 2020, но иако инсистиравме 3 дена се уште немаме одговор. Во противпожарната бригада во Кичево работат 21 пожарникар.