Могерини: Софија веднаш да го укине ветото за Скопје!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот дипломат на ЕУ, Федерика Могерини во специјално интервју за бугарската БТВ побара Софија веднаш да го укине ветото за Скопје.

„И Северна Македонија и Албанија го направија она што се бараше од нив за да започнат преговори. Некои земји што сакаат да се приклучат би рекле: „Чекај малку, ги натеравте Северна Македонија и Албанија да преземат одредени чекори за почеток на преговорите, тие ги спроведоа и преговорите не започнаа. Зошто да го правиме истото? Во наш интерес е веднаш да започнеме преговори со Албанија и Северна Македонија“, рече Могерини.

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, кој е и организатор на форумот во Софија, го предлага таканаречениот прагматичен пристап.

„Најреално е ако Бугарија даде зелено светло меѓу периодот на првата меѓувладина конференција и отворањето на првото поглавје, да се бара опција за регистрација на Бугарите во Уставот“, рече Ќучук.

ВИДЕО: БТВ