Мокри обувки и панталони при преминување на улица – граѓаните се „потопуваат“ во баричките создадени од дождот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Некој со побавни чекори, некој со „скокање“. Ова се двете најдобри техники за преминување улица кога врне дожд во главниот град.

„Ова е состојбата на многу пешачки премини кога врне дожд во главниот град. Мора да бидете многу внимателни кога преминувате, затоа што лесно можете да згазнете во една од баричките создадени поради дупките на улиците“, вели Алмедина Исмајли, новинарка во ТВ21.

За многумина, преминувањето улица значи мокри обувки, натопена облека и големен ризик од лизгање. Уште поголем проблем е кога автомобилите поминуваат блиску – прскајќи ги со валкана вода и создавајќи непријатни ситуации.

АНКЕТА НА ТВ21

„Да, секој пат кога поминувам на пешачки премин ми се мократ чевлите, панталоните, затоа што мислам дека улиците не се направени како што треба.“

„Мокра сум, патики мокри.“
Се нервирате?
„Не, искрено, не се нервирам.“

„Ова е од асфалтот, затоа што поминуваат многу возила и асфалтот не е квалитетен. Треба од почеток да се асфалтираат улиците.“

„Треба да се преземат мерки, затоа што поминува кола и те прави мокар цел.“

„Навикнати сме, нормално е. Според мене, овие проблеми треба подобро технички да се решат.“

Според граѓаните, оваа состојба се повторува после секој дожд, поради недостаток на правилен систем за одводнување, што овозможува водата да се собира токму таму каде што најмногу минуваат пешаци. Сè додека институциите не реагираат, на граѓаните им останува само да „движат внимателно“.