Момче избоде соученичка со нож во училиште во Суботица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ученик од осмо одделение во Суботица за време на попладневниот час со нож повредил ученичка од истото одделение, потврдиле за РТС од Полициската управа во тој град. Повредите на девојчето се санирани во болница и нејзиниот живот не е во животна опасност.

Според првичните информации, ученик во основното училиште „Сечењи Иштван“ во Суботица со нож повредил соученик по рацете и нозете.

На барање на наставничката Брзата помош ја пренела повредената ученичка во болницата во Суботица каде и биле санирани повредите. Според неофицијални информации од болницата во Суботица, животот на ученикот не е во опасност.

Малолетникот, ученик во осмо одделение, е уапсен и ќе биде изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Суботица.

Од училиштето „Сечењи Иштван“ јавно не се огласија за немилиот настан.