„Монопол во игрите на среќа“ – Беџети го обвинува Меџити дека изигрува адвокат на српско-бугарска компанија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

“Државата дава монопол за организирање онлајн игри на среќа на српско-бугарска компанија, Казинос Австрија“, рече пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети. Тој додаде дека автентичното толкување во Собрание открива дека српско-бугарската компанија Казино Австрија организирала на незаконски начин онлајн игри на среќа преку нивната интернет платформа 2win.mk, од 1 јануари 2017 до 2024 оштетувајќи ја државата за десетици милиони евра. Според Беџети, в ова трговскп друштво, партнери со 51% се Државна лотарија на РСМ и приватната српско-бугарска компанија Казинос Австрија со 49%.

„Г. Изет Меџити особено во кампањата не остави простор за повик и секако дека нашата поделба е очигледна како и неговото откажување од идејата, од целта на политиките на ДУИ е тесно поврзано и со лице од српско-бугарската компанија бидејќи од барањето за целосно затворање на казината граѓаните гледаат дека ниедна обложувалница и казино не е затворено, туку дека тој се претвори во заштитник и адвокат на српско-бугарската компанија“, порача Блерим Беџети.

Организативниот секретар на ДУИ, Блерим Беџети, рече дека биле злоупотребени над 100 милиони евра од приватната српска-булгарска компанија Казино Австрија, партнер на македонската лотароија, која на актуелниот директор на Лотарија и платила хонорар од над 140 илјади евра.

Со оглед на тоа дека самата ДУИ бара предвремени парламентарни избори, на прашањето на ТВ21 доколку евентуално се одржат избори и тие победат, дали ќе ги затвораат сите казина и обложувалници како што се случи во Албанија и Косово, организативниот секретар на ДУИ, Беџети одговори:

„Секако дека програмата за таа облест како што беше досегашната пракса, стандардот на политиките на ДУИ или и на партнерте со кои соработуваме, ќе има свое место, тоа прашање ќе зазема место и во нашата предизборна кампања но сепак кога ќе се направи изборната програма тогаш ќе одговориме…“, вели Блерим Беџети.

-Прашањето не беше за предизборната програма, туку евентуално додека доаѓате на власт, дали ќе ги затворите сите?

„Два пати во текот на претходниот мандат се предложени, додека сегашното мнозинство не предложила. Секако дека ние ќе го направиме тоа“.

Инаку сегашната Влада пред одредено време им ги одзема лиценците на неколку компании кои се бавеа со онлајн обложување.