„Монструм“ во рацете на Врховен суд – Исмаиловиќ бара правда, а не милост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осудениот на доживотен затвор за случајот „Монструм“, Агим Исмаиловиќ, пред Врховниот суд побара, како што рече, правда, а не милост, додека Врховниот суд треба да одлучи дали пресудата за 5-те осуденици во случајот Монструм ќе стане правосилна или повторно ќе се врати на повторно судење. Адвокатот Насер Рауфи очекува да има повторно судење за неговите клиенти бидејќи има низа сведоштва дека овој случај е целосно монтиран.

„Очекуваме овој пат Врховниот суд да го врати овој предмет, бидејќи во досегашните судења имавме плус за одбраната, го имавме реферирањето на групата вештаци, каде практично заклучија дека вештачењата се фалсификувани. Оваа група констатирала дека немало наредба од истражен судија за земање докази, невидена работа до сега и дека овие докази добиени на рака, без наредба на судијата, не можат да бидат докази според Законот за кривична постапка“, вели Насер Рауфи.

И адвокатот Асмир Алиспахиќ, очекува ослободителна пресуда за осудените бидејќи, како што вели, теоријата на Обвинителството не може да опстои со два докази, а тоа се сведочењето на заштитениот сведок Е1 и изјавата на Хаки Азири во текот на истрагата.

„Монструм“ првично беше вратен на повторно судење во 2017 година, а

 само Сами Лута беше ослободен. Во меѓувреме, Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ се осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро за кривично дело „тероризам“, првите двајца се во бегство во Косово. Фејзи Азири е осуден на 15 години затвор за „помагање“, а Хаки Азири е осуден на 9 години затвор, исто така за „помагање“.