МОСТ: Гласањето се одвива без проблеми на местата каде што има наши набљудувачи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓанската асоцијација МОСТ, ја одржа првата прес-конференција во 9 часот. Соопштија дека секаде каде што има нивни набљудувачи, гласањето се одвива тековно и без проблеми.

„Секаде каде што има наши набљудувачи во изборниот процес, гласањето се одвива тековно и без проблеми. Од нашите набљудувачки на терен добивме информација дека сите гласачки места се навреме отворени“, соопштија од МОСТ.

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе одржи уште прес-конференции во 11, 13, 15 и 19 часот, и една по завршување на изборите.