Мотоциклистите, опасност за безбедноста во сообраќајот – Талев: На тротинетите местото им е на тротоар, а не на улица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од пролетта до крајот на есента Тетово е преполно со мотоцикли. Во повеќето случаи лицата кои управуваат со нив се млади, а има и такви кои возат без дозвола и регистрација на превозното средство. Тоа честопати доведува до сообраќајни несреќи. Командантот на патен сообраќај во Тетово, Зоранче Талев вели дека благодарение на построгите мерки, состојбата е значително подобрена.

Талев апелира и до родителите да не им дозволуваат на децата да возат на ваков начин, бидејќи последиците можат да бидат многу тешки.

Нова категорија во сообраќајот се и електричните тротинети.

Во текот на 2021, 400 казни се изречени за неносење заштитен шлем, заради нерегистрирано возило повеќе од 6 месеци запленети се 60 мотори а за управување без дозвола изречени се 400 казни.