Може ли Дамева да свика седница со точка на дневен ред и да се постави прашање за нејзино разрешување?
На ова професорката Ана Павловска Данева вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека правнички гледано, Весна Дамева се уште е актуелна претседателка на Судскиот совет.
„Ние никаде не видовме одлука за нејзино разрешување. Слушнавме дека министерот за правда го барал записникот, записник веројатно постои меѓутоа дали постои одлука и дали е таа одлука потпишана од неа, како легитимен претседател и преседавач на совет. Ако не постои одлука, значи исто како да не се случил овој скандал“, вели Павловска Данева.