Може ли канабисот да помогне во борбата против коронавирус?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Научниците ширум светот брзаат да најдат лек или вакцина против Ковид-19 што, на моменти, може да резултира со навистина интересни предлози.

Дел од научниците се фокусираа на веќе познатите лекови и соединенија кои биле истражувани и применети во третманот на некои други болести. Но, дел се фокусираа и на лекови кои во најмала рака би можеле да ги наречеме нетрадиционални.

Откако кинеските лекари објавија дека користеле и модерна и традиционална медицина во третманот на Ковид-19, научниците тргнале да ги испитаат растенијата што ние во прво време не би ги здружиле со медицината.

Така, за прв пат беше изненадување од француска студија која открила дека никотинот може да обезбеди одреден степен на заштита од инфекција со коронавирус, а сега интересна студија пристигнува и од Канада.

Канадските истражувачи се фокусирале на одредени активни супстанции во канабисот кои можат да ја зајакнат заштитата на клетките од коронавирус. Студијата, која допрва треба да помине со рецензија, се базира на претходните студии кои откриле корисни ефекти на канабисот врз третманот на артритис, карцином, Кронова болест и многу други.

Научниците се убедени дека некои активни состојки од канабисот можат да влијаат на влегувањето на вирусот во клетките на белите дробови во кои потоа се размножуваат и шират. Затоа, тие развија посебна верзија на канабис за која, тврдат канадските научници, треба да го спречат коронавирусот да влезе во човечкото тело.

Коронавирусот, колку што е познато во моментов, има потреба од асистент за да влезе во клетките во човечкото тело. Според најновата објавена студија, овој рецептор е ензим ACE2 кој се наоѓа во човечките органи.

Според канадската студија, канабиодиолите би го менувале нивото на ACE2 во организмот, со што човекот ќе биде помалку „пожелен“ да биде домаќин на вирусот и, во теорија, да го намали ризикот од инфекција. Досега се извлечени 13 екстракти од повеќе од 800 видови на канабис за кои веруваат дека можат да влијаат на нивото на ACE2 во човечкото тело.

Но, научниците допрва треба да ја докажат ефективноста на канабидиол и тоа ќе потрае повеќе време. Сепак, тие веруваат дека во иднина, препаратите за канабидиол би можеле да бидат додаток на третманот или како превентива во борбата против коронавирусот.

Извор: DW