Може ли „Летечкиот Кремљ“ на Путин да прелета преку Европската Унија до Будимпешта?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Самитот на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта сè уште не е потврден, но, доколку биде потврдено, рускиот претседател ќе мора да добие посебна дозвола за летање низ воздушниот простор на ЕУ, објавува денес Би-Би-Си и посочува дека најдиректната рута на Путин до Унгарија може да биде преку Србија.

На руските авиони им е забрането да летаат над територијата на земјите од ЕУ и САД поради санкциите воведени по нападот врз Украина во 2022 година, па затоа Путин ќе мора да добие исклучок за да може неговиот претседателски авион „Иљушин Ил-96“, познат како „Летечки Кремљ“, да слета во Унгарија, се потсетува во анализата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека сè уште е рано да се зборува за деталите, но дека постои подготвеност кај двајцата претседатели да одржат состанок.