Може ли со пари да се добие чин или функција во Армијата? Одговара министерката за одбрана Славјанка Петровска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска гостува во летното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме за тоа дали може со пари да се добие чин или повисока функција во Армијата (случај кој неодамна беше пријавен).

Петровска го поздрави гестот на припадникот на кого му биле побарани средства и истакна дека ваквите случаи треба да се пријавуваат.

„Нема да има толеранција“, вели Петровска и додаде дека секој поединец кои на било каков начин манифестира корупција, без разлика дали е во нејзина близина или не, ќе биде санкциониран.