Можеме ли и на светско? – Барди: Имаме нов тренер, но објективот не се менува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Без Горан Пандев, но со нов тренер, Македонската фудбалска репрезентација ќе се бори за квалификации на Светскиот шампионат кој ќе се одржи во Катар во 2022. Утре во Скопје, Македонија ќе се соочи со Ерменија во рамки на 4 коло од првата група. А што ќе смени новиот тренер Благоја Милевски за разлика од претходниот, Игор Ангеловски.

Тренерот е сменет но објективот останува ист. Средниот играч Енис Барди рече дека верува во оваа екипа и дека нема да биде проблем за да се постигне позитивен резултат.

„Ова е прв натпревар со новиот тренер, но објективот не се менува. Ние одиме натпревар по натпревар и даваме максимум и се трудиме да покажеме квалитетна игра на теренот. Ова е прв, ќе дадеме максимум, а резултатот и другите работи треба да му ги оставиме на времето, но верувам дека со оваа екипа што ја имаме нема да имаме проблем да излеземе на терен и да го дадеме максимумот“, истакна Енис Барди.

Натпреварот со Ерменија ќе се одигра на стадионот Тодор Проески. Потоа во недела следи натпреварот со Исланд, а на 8 септември со Романија. Од трите натпревари одиграни до сега Македонија е на второто место во групата, со 6 бода. Фудбалската федерација веќе ги пушти билетите во продажба по цена од 300 денари. Капацитетот на стадионот Тодор Проески е ограничен поради антиковид мерките согласно протоколите на УЕФА.