Можни се четири сценарија – најизводливо СДСМ и ДУИ да состават нова Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неочекувано за овие избори е поголемиот број на етнички Албанци во парламентот со драстичен зголемен број во однос на претходните избори, смета политичкиот аналитичар, Александар Кржаловски. Според него ова се должи на големата апстиненција кај етничките Македонци каде има 250 илјади гласови помалку излезени од 2016 година, односно 110 илјади гласа има помалку СДСМ,  а 140 помалку гласа има ВМРО ДПМНЕ.

„Ова е огромна казна односно протестен глас за водењето на државата во целиот период. Самиот резултат во рамките на етничките блокови не е изненадување, се предвидуваше предност на СДСМ околу 1,5 процент што се реализира со два пратеника повеќе, а слична прогноза имаше и за албанскиот блок дека ДУИ сепак ќе оствари подобар резултат од Алијансата што еве на крај се фектира со три пратеника повеќе“, истакна Александар Кржаловски.

Кржаловски вели дека се можни четири сценарија за состав на Владата но убедливо најизводливо е дека СДСМ и ДУИ кои до сега беа во коалција сами можат да ја состават новата Влада.

„Дали тоа ќе се оставри, ќе видиме, ама верувам дека тие први ќе ги почнат преговорите меѓу себе. Не значи дека во преговорите ќе се усогласуваат ставовите, ќе се пеглаат разликите и не значи дека ќе се прифати се што другата страна бара. ДУИ нема така лесно да се откаже од идеата за Премиер Албанец, но за сметка на тоа мислам дека ќе има многу други услови и барања. Така да ќе биде интересен период, но верувам дека токму СДСМ и ДУИ  ќе ги водат првичните преговори за состав на новата Влада. Ако тоа не успее, другата опција е СДСМ со Алијансата веројатно побрзо ќе се разберат, но им недостигаат уште три гласа кои може да се обезбедат од левица и ДПА но тоа е веќе покомплицирана структура и таму има јасни индикации дека не сите сакаат да бидат во таква колација“, посочи Александар Кржаловски.

Една од опциите според Кржаловски е ВМРО ДПМНЕ да ја поддржи таа нова Влада иако нема да биде дел од неа, значи да се гласа за стостав на таа нова Влада која може да биде и малцинска со 58 или 59 пратеници, а помалку веројатна е голема коалција на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со Алијанса и Алтренатива која може да обезбеди подолгорочна стабилност.

Кржаловски смета дека постои веројатнос доколку ниту една од овие четири сценарија не се реализираат, да бидат распишани и нови парламентарни избори, иако како што вели, никој не го посакува тоа.

„Партиите ќе се потрудат колку и да трае тоа да направат нова влада, па можеби таа и да не трае многу односно година дена, па со локалните избори да има нови предвремени избори. Не знам што би се постигнало со новите избори, но јас преферирам самите партии да се потрудат да состават Влада со ваквите резултати“, порача Александар Кржаловски.

Државната изборна комисија вчера ги објави официјалните резултати од десеттите по ред парламентарни избори во Македонија. Според нив, коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.