Можно труење со храна во Штип, времено затворена сендвичарница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Според првичните информации, 5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек.

Земенени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.