Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, по новинарско прашање, истакна дека можно е од 15 јуни да има уште едно олабавување на мерките воведени поради коронавирусот.
„Трендот е еднаков и во другите градови во земјата, нема притисок повеќе во инфективните одделенија. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а до тогаш ќе работиме со организаторите на разни настани и концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци, за да се донесат соодветни протоколи. Што значи, ако продолжат овие бројки и трендови, после 15 јуни може да се очекува дополнително олеснување на рестриктивните мерки. Тука мислам на две работи, прво полицискиот час и второ препораките за организација на други настани“, вели Филипче.
