Македонскиот полициски синдикат преку Фејсбук ги извести вработените во Министерството за внатрешни работи, дека денес на сметките на околу 5000 колеги кои ги исполнуваат условите за исплата на Бонус платата за 2019 година ќе им легнат средства во износ од околу 25,066.00 денари колку и што изнесува една просечна плата исплатена на ниво на Република Северна Македонија.
Тие посочуваат дека право за добивање Бонус плата во висина од една просечна плата на републиката согласно член 117став 4 од Законот за работни односи имат сите вработени во МВР кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден.