Само што го поставил фотоволтаичниот соларен систем, веднаш еден од панелите бил оштетен од залутан куршум. Сопственикот Седат Сулејмани од село Студеничани, тврди дека некој од неговите соселани пукал со оружје. Вели дека секогаш кога има свадби има и пукање.
„Имаме проблеми и со нашите соселани кои не престануваат со пукање на нивните свадби. Освен тоа, оштетија и неколку дела од нашите соларни панели, но тоа не е нешто што досега е спречено. Неколкупати ја известувавме полицијата, но таа не презеде соодветни мерки“, вели Седат Сулејмани.
Од МВР пак, велат дека сите случаи за нарушување на јавниот ред и мир се гонети кривично.
„Во периодот октомври 2021 – октомври 2022 година полицијата евидентираше 14 случаи на злоупотреба на оружје при веселби и прослави. Сите се кривично-правно финиширани, што резултираше со седум кривични дела „предизвикување на општа опасност“, едно кривично дело„недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“, како и шест прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир“, велат од МВР.
Еден квадрат од овие соларни панели од 1,6 MW Седат го чинеше 500 евра.
