Му пратил заканувачки пораки на јавен обвинител – кривична пријава против беровчанец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кривична пријави доби 46-годишен беровчанец, поради тоа што му се заканувал на јавен обвинител од Берово, соопшти МВР. Тој се товари за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.У.(46) од Берово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.05.2026, пријавениот испратил смс пораки со заканувачка содржина на јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Берово“, стои во објавата на МВР.