Му се заканувал преку социјални мрежи на полицаец зошто му напишал казна, СВР Тетово му поднесе кривична

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(25) од село Синичане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 03.06.2025  пријавениот преку  социјална мрежа упатил закани по живот на полициски службеник. кој претходно на пријавениот и на неговиот татко им имал издадено платени налози за глоби во врска со сторен сообраќаен прекршок.