Муратовска: 20 македонски возачи во последните 5-6 месеци имаат добиено казни и забрани во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Билјана Муратовска од асоцијацијата МАКАМ транс во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 посочи дека 20 македонски возачи во последниве пет-шест месеци добиле казни и забрани за влез во Европската Унија.

„Имаме 20 возачи за последните 5-6 месеци, од кои 13 имаат добиено забрани и се депортирани. Нема забрана за работа, но се казнети со парична казна и се вратени. Седум возачи имаат забрани за влез во ЕУ. Сите овие возачи кои имаат црн печат и одредени забрани, не може да управуваат со возила, се додека не измине рокот кој им е одреден“, рече таа.